Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За само половина час од почетокот на акцијата во партиските простории на СДСМ се собрани 20 единици крв, а до 18 часот се очекува бројката да биде околу 100 единици.
Голем број членови, симпатизери на партијата, стечајци се вклучија во крводарителската акција.
Јас сум крводарител и досега 23 пати сум дарувал крв. Ова е најхумана работа и затоа сите граѓани треба барем еднаш да дадат крв. Тоа е добро за нивното здравје. Се вклучувам во сите акции без разлика дали ги организира партија или не - вели Ненад Цветковиќ, крводарител.
Од СДСМ Куманово кажаа дека по 14 - ти пат организираат крводарителска акција и истакнаа дека дарувањето крв е скапоцен дар со кој се спасуваат животи. Оливер Спасовски, генерален секретар на партијата им се заблагодари на сите кои помогнале да се организира акцијата и на оние кои даруваа крв.
Сакам да ја искажам мојата разочараност на почетокот кога се најави дека може да биде откажана една ваква крводарителска акција. Јас не знам од кои причини и кога е недоволно дарување на крв. Сметам дека во тој момент сакаа да се политизира целиот тој настан и апелирам дека посебно на вакви хумани акции не треба да се дава политички тон. Едноставно мораме да продолжиме сите заедно со човечки димензии преку транспарентност, преку хуманост да се презентираме самите себе - изјави Спасовски.
На крводарителската акција имаше крводарители од различни возрасни групи кои чекаа во ред за да даруваат крв.