×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голема понуда и посетеност на „Есенското пазарче“ во Ново Село (видео)

    27.10.2024 17:32 | Оливера Пешевска

    Поголем број на изложувачи, побогата и поразноврсна понуда привлече поголем број на посетители на второто „Есенско пазарче“ во Ново Село. 

    Имаше 15-тина учесници со свои штандови, а освен од Куманово го посетија и гости од Скопје, Велес и соседна Србија, кои по минатогодишното искуство решија да го повторат доживувањето и ова година.

    На базарот се претставија локални прозводители со свежи производи, домашни туршии, ајвари, сокови, слатка, мармалади, сувомесни производи, мед, домашни јадења, рачно изработени тестенини, готвени јадења, а се служеше и свадбарска зелка.

    „Целта ни е да ги поттикнеме малите локални произведувачи да се активираат, да го изложат тоа што го имаат, но и младите повеќе да се вклучат во развојот на Умин Дол, Ново Село и Љубодраг. Сметам дека успеавме во тоа, сите старосни категории сега се активно вклучени што особено ме радува“, истакна Роза Трајковиќ, престедателка на здружението „Ума сто“.

    Во рамките на настанот беа организирани работилници за најмалите, но и рекреативни, велосипедски тури за разгледување и прошетка на сите три села во траење од по 1 час.

    „Ума сто“ и месното население продолжуваат со ваквите манифестации, кројат планови следната година да организираат еден поголем пролетен настан. Ова се покажало како одличен начин да се привлечат луѓето да дојдат и туристички да ги посетат овие места, но и да се зголеми побарувачката за локалните производи со што се стимулира локалната економија.

    Настанот го организираше здружението за рурален развој „Ума Сто“ од Куманово.

    Голема понуда и посетеност на „Есенското пазарче“ во Ново Село (видео)