Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актерот Горан Илиќ ќе биде кум за Бадник на манифестацијата што ја организира здружението “Коледари“.
Официјалното примопредавање на кумството ќе се случи на 6 јануари во црквата Свети Никола. Тогаш стариот кум Ромео Ивановски ќе му го предаде кумството на Горан Илиќ. Истиот ден на Градскиот плоштад ќе се крши погача со златник за граѓаните како и претходните години - изјави Киро Соларски, секретар на здружението.
Соларски објаснува дека 14 години по ред во различни села берат бадникови гранчиња кои потоа за Бадник бесплатно ги делат на граѓаните со намера да се зачува традицијата. Годинава гранчињата ќе се берат во Добрешане.
(фото архива)