×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горан Стојковски – Диро во трка за градоначалник на Куманово како независен кандидат

    11.08.2025 11:00 | KumanovoNews

    Горан Стојковски – Диро ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори. 

    Горан Стојковски – Диро во трка за градоначалник на Куманово како независен кандидат

     Стојковски вели дека во завршна фаза е формирањето на тимот, а во наредните денови јавноста ќе биде запознаена и со кандидатите кои ќе се најдат на советничката листа. Носител на листата е стоматологот Иван Петковски.

    „Секој успех бара тим, визија, дисциплина, работа и ред. Тим кој не прави компромис со вистината, тим составен од стручни, компетентни и луѓе со дигнитет и личен интегритет. Потребата за воспоставување ред и институционален систем е прашање на колективната културна и морална амбиција која денес во Куманово е целосно созреана. Потребата за таков општествен живот денес е јасна и на истата мора да биде одговорено. Квалитетен одговор не може да даде никој поединец туку само тим кој нема да држи говори туку веднаш ќе обезбеди веродостојна визија и функционални институции. При крај се разговорите со последните неколку потенцијални членови на тимот кој го формираме и во наредните денови јавноста ќе биде детално запознаена“, изјави Стојковски за Кумановоњуз.

    Стојковски по професија е правник и работи во Секторот за урбанизам во Општина Куманово, два мандати беше директор на ЈП "Водовод", откако дојде од приватната фирма.

    Стојковски е третиот кандидат за градоначалник на Куманово кој ја најави својата кандидатура, по партиските кандидати Максим Димитриевски од ЗНАМ и Мартин Костовски од СДСМ, а засега е прв независен кандидат.