Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сува трева вчера гореше во населбата Карпош и кај патарината Романовце, на автопатот Куманово-Скопје.
Од 15.50 до 16.30 часот интервенирано е на запалена сува трева во Карпош со едно возило и 4 пожарникари.
Втората интервенција на Територијалната противпожарна единица Куманово, е на опожарена сува трева на автопатот Куманово -Скопје, во близина на патарина Романовце во 15.10 часот. Пожарот е изгаснат во 16.30 часот.
За двата пожари нема информации за зафатена површина и причинета материјална штета.