×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горивата поскапуваат по два денара за литар

    24.01.2022 12:49 | Сузана Николиќ

    Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар , одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

    Горивата поскапуваат по два денара за литар

    Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,386 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,213 ден/кг.

    Од 25.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,50 (денари/литар)
    ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,50 (денари/литар)
    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)
    Mазут М-1 НС 44,213 (денари/килограм).