Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во посета на општина Старо Нагоричане беше амбасадорот на Република Србија Томислав Ѓурин, како и делегација од Смедерево на чело со градоначалник Предраг Умичевиќ.
Се работи за возвратна посета, бидејќи ние пред извесен период присуствуваме на манифестацијата „Смедеревска есен„, каде се запознавме со културата и традицијата на нивниот град. Работниот состанок се одржа во општина Старо Нагоричане, каде се разговараше за идна соработка на културен и економски план меѓу двете општини, а посебно се потенцираше силниот туристички потенцијал на општина Старо Нагоричане- изјави градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Гостите го посетија и О.У.„Светозар Марковиќ“, каде што делегацијата на Смедерево подари книги за нивната библиотека, како и културно историските споменици „Зебрњак“ и црквата „Свети Ѓорѓи“ .