×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Готови решенијата за данок на имот

    21.06.2011 13:21 | KumanovoNews

     Општината Куманово ќе започне со дистрибуција на решенијата за данок на имот на физички лица за 2011 година.

    Готови решенијата за данок на имот

    Годинава ќе бидат испратени над 26.000 решенија, кои ќе бидат дистрибуирани од први јули годинава."Решенијата за данок на имот се подготвуваат технички, веќе од денеска"-  вели Зоран Павловски раководителот на секторот.

    Најголем дел од решенијата што ќе се дистрибуираат до физичките лица се извршени со новата методологија на проценка на имот.Од секторот потенцираат дека сопстевниците на имотите од селата и приградските населби ќе ги добијат решенијата според  старата проценка на имотот. Статистичките податоци од секторот укажуваат дека наплатата на данокот на имот се движи до 80%.

    Паралелно службите работат на подготовка на решенијата за опомена на сметките на фирмите кои не ја платиле комуналната такса и за оние сопственици на фирми кои не платиле данок на имот за претходната година.