Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вечерва околу 20.30 часот на улицата Доне Божинов, кон населбата Карпош се случил грабеж при што е украдена поголема сума на пари.
„На 15.03. 2024 година во 20.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата "Доне Божинов" во Куманово патничко моторно возило "ренџ ровер" со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило "пасат" со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С.(63) од Куманово. При што неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило "пасат" и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило "ренџ ровер". Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Според очевидци, разбојниците биле во џип со кој им го пресекле патот на возачот на автомобилот по што му ја одзеле торбата со пари и побегнале. Се слушнало и пукање. Разбојниците потоа го запалиле џипот и во близина на надвозникот кај хотелот „Сателит„ и побегнале со друго возило.
На лице место дошла, противпожарната служба, полиција и брза помош.
Вознемирени жители од околните куќи велат дека целата опрација личела како на филм.