×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Грабнато и претепано момче поради сообраќајка

    07.12.2012 14:20 | KumanovoNews

     Четворица кумановчани грабнеле и претепале момче, откако предизвикале сообраќајка и не сакале да ја пријават во полиција.

    Грабнато и претепано момче поради сообраќајка

     Инцидентот се случил минатиот вторник, околу 23.30 часот, додека В.Д. (20) од Куманово, се движел со автомобил „опел астра„ на раскрсницата на булевар “Трета МУБ“ и „Народна револуција„, а во него удрило „бмв“ со скопски регистерски таблички, кое го управувал Љ.Н.(26) од Куманово. Двајцата возачи излегле од возилата за да видат што се случило, при што Љ.Н. побарал да не викаат полиција, туку да се договорат за надомест на штетата, бидејќи неговото возило не било регуларно. Потоа почнал да го наговара  В.Д. да му плати 150 евра штета, на што момчето се спротивставило, тврдејќи дека тоа не е виновно.

    Тогаш пристигнало друго возило „опел астра“ од кое излегле  Ш.А.(25), Н.Ј.(35) и Ф.А.(20) сите од Куманово и се приклучиле во разговорот. В.Д. инсистирал да повикаат полиција, но  лицата физички го нападнале, удирајки го со тупаници во пределот на лицето и телото. Од нанесените повреди почнал да крвари, по што насилниците го удриле со тврд предмет по главата и тој паднал во безсознание. Потоа го ставиле во нивното возило и го одвезле во непознат правец, а ја зеле и неговата кола.

     По извесно врме кога се освестило момчето, видело дека се наоѓа кај чешмите во с.Проевце во бмв. При тоа Љ.Н. му се заканил да не го пријавува случајот во полиција, а му ветил дека дополнително ќе се видат и ќе се договорат за надомест за сообраќајката. Го однеле до неговото возило кое било паркирано спроти бензинската пумпа во Проевце на бул.„Трета МУБ“ и го оставиле.

    Откако напаѓачите си заминале, В.Д. се јавил во Брза помош заради укажување на лекарска помош.

    Од полицијата се превземени интензивни мерки заради утврдување и пронаоѓање на сторителите, бидејќи оштетениот ниту ги познавал ниту пак ја знаел регистрацијата на возилата. Денеска во раните утрински часови четворицата се пронајдени и приведени во СВР Куманово. Во текот на денот ќе бидат спроведени до ОЈО Куманово заедно со кривична пријава за сторени две кривични дела „Грабнување“ и „Насилство“.

    Пријавените се познати сторители на кривични дела од областа на насилниот криминалитет за што имаат кривични пријави за “насилство“, “тешка телесна повреда“, “спречување службено лице во вршење службено дејствие“, како и за кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога, за што еден од приведените - Ш.А. бил и осудуван.