×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градинките ќе продолжат да работат и за време на најавениот штрајк

    09.04.2022 10:46 | Жаклина Цветковска

    Министерството за труд и социјална политика  ја  известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност за згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и досега.

    Градинките ќе продолжат  да работат  и за  време на најавениот штрајк

    „Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца дејноста  не смее да се прекинува, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго),  но не и за време на штрајк“, информираат од министерството.

    Оттаму истакнуваат дека по повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано  на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.