×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓани шетаат деца и миленичиња на атлетската патека, спортистите се жалат дека не можат да тренираат

    19.08.2020 07:27 | KumanovoNews

    Единствената современа атлетска стаза во Куманово, лоцирана покрај Соколанскиот парк, се уништува од несовесни граѓани, кои по неа шетаат деца и кучиња, возат велосипеди или ролери, и со тоа го попречуваат тренирањето, обвинуваат професионалните спортисти и рекреативци во градот.

    Граѓани шетаат деца и миленичиња на атлетската патека, спортистите се жалат дека не можат да тренираат

    Тие реaгираат дека на атлетската стаза доаѓаат луѓе кои немаат никакви допирни точки со спортот туку само пречат и ги вознемируваат со нивните прошетки и детски игри.

    „За добро на сите културни и нормални граѓани, научете веќе еднаш дека атлетската патека е само за трчање. Тоа е специјална подлога која чини многу пари. Таа не е наменета за шетање и истурање на пепел од цигари, ниту пак за возење на велосипеди, тротинети и ролери. Ги замолувам градоначалникот и надлежните луѓе да реагираат. Навистина е доста од овој хаос, некултура и безобразие,“ видно револтиран напиша Оливер Милорадовски, спортист.

    Спортистите и рекреативците кои секојдневно се на атлетската стаза, велат дека тие редовно се обидуваат да им укажат на луѓето, дека тоа место е единствено наменето за трчање, но залудно. Тие додаваат дека иако има поставено корпи за отпадоци, несовесните и некултурните луѓе го фрлаат ѓубрето на трибините и на патеките.

    Од училиштето „Наце Буѓони“ велат дека тие се грижат за патеката и реагираат на несовесното однесување на поединци,  особено кога ќе видат дека влегуваат со милениче или со ролери и тротинет, но дека не можат да го ограничат влезот на другите граѓани, затоа што тој е слободен и не се наплаќа.

    „Ние имаме чувар кој воведува ред и им кажува на луѓето дека овој простор не е наменет за шетање на кучиња. Честопати се караат со нас, ама се трудиме да го ослободиме местото за спортистите и другите поголеми групи кои некогаш се најавуваат, “ кажа директорот Драган Јаневски.

    Во врска со наведените оштетувања, тој посочи дека од долго и редовоно користење, стазата е нормално да претрпи некои промени и вдлабнувања поради местоположбата на која е поставена.

    (Д.Давитковски)