Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните кои живеат на улица “Тонко Димков“ бараат Општината да ја дислоцира такси станицата кај Соколански парк, бидејќи се создава метеж и улицата постојано е блокирана.
Тие потпишале петиција која ја доставиле до локалната самоуправа и се надеваат на позитивен одговор од надлежните.
Ни пречат бидејќи зафаќаат голем простор од улицата, не можат две возила да се разминат. На другата страна на тротоарот има кал, па нема каде да се помине. Тука е фреквентно, поминуваат ученици, се создава врева. Сите соседи од улицата се потпишаа на петицијата и очекуваме да биде прифатена- вели Миле Дејановски.
Такстистите кои ги најдовме на улицата не се противат да се дислоцира такси станицата ако одлучи градот.
Каде ќе ни обезбедат такси простор таму ќе се паркираме. Овде сме со години. Стандардно тука има седум-осум такси возила. Точно е дека се блокира улицата, но и други несовесно возачи автомобилите ги оставаат на тротоар. Ако обележат такси постојка на друго место, таму ќе одиме не е проблемот до нас - рече таксист.
Градоначалникот вели дека Советот ќе ја донесе конечната одлука за барањето на граѓаните.
Таму има 10 паркинг места за возила според сообраќајна студија. Таму нема такси станица, тоа е место за такси превозници. Со студијата можат да бидат преместени, но таа студија треба овдека да биде изгласана. Одлуката ќе биде донесена тука - кажа градоначалникот Зоран Дамјановски.
Тој смета дека ако такси возилата се преместат на друга локација и таму граѓаните ќе се жалат за истото.