×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните бараат помош за катастарските проблеми

    12.02.2013 15:32 | KumanovoNews

     Граѓаните на Куманово денеска ја искористија можноста преку акцијата “Отворено со катастарот“ да прашаат за проблемите од сферата на катастарот и да ги запишат своите недвижности.

    Граѓаните бараат помош за катастарските проблеми

    Јас има проблем во тоа што од седум парцели направиле една и три куќи  се ставени под еден број. Јас имам документи, докази, водам и судска постапка, но се е против мене. Неколку пати имам доаѓано и ништо. Еве и по судски пат стигнав до Врховен суд и засега ништо. Проблемот го влечам пет години - раскажува граѓанка.

    Од Агенцијата за катастар на недвижности се пофалија дека кумановскиот катастар е еден од најефикасните во државата и месечно решава околу 5 илјади предмети.

    Од она што го видов граѓаните имаат незапишани права, не се јавиле на бесплатното систематско излагање и сега мислат дека ако дојдат ќе им биде запишана нивната недвижност. Меѓутоа ние ги упатуваме своето право да го остварат со изготвување на елаборат во приватна геодетска фирма, а потоа да дојдат и да ја запишат својата недвижност - изјави Валентина Христова Стефановска, портпарол на Агенција за катастар.

    Раководителот на одделението за катастар Куманово, Дејан Јовановски вели дека хартиените катастарски планови ќе бидат заменети со дигитални.

     Единствена цел е граѓаните нашите услуги да ги добиваат побрзо и поефикасно. Граѓаните ќе можат преку нашиот веб сајт да ги гледаат дигиталните планови, со впишување на бројот на катастарска парцела, број на имотен лист, адресните, личните податоци ќе може да ги пребаруваат да видат како изгледа таа парцела, каде се наоѓа објектот. Тој процес ќе трае најверојатно две до три години, ние интензивно работиме на тоа. Се надевам дека граѓаните ќе имаат поквалитетна услуга во иднина - вели Јовановски.

    Наместо на шалтер кумановци можат имотен лист да извадат и кај нотар. Двајца нотариод Куманово веќе склучиле договор со Агенцијата за катастар за вршење на овие услуги.