Граѓаните ќе се едуцираат за заштита од кражби
18.03.2014 14:24
| KumanovoNews
Отсекот за превенција при СВР Куманово ќе организира предавања за граѓаните за заштита од кражби.

За таа цел тие утре во 12 часот во зградата на поранешен Комитет ќе оддржи состанок со претставници од урбаните зедници во градот и од месните заедници во приградските населби. Ќе дискутираат за провални кражби, дрски кражби, измами, насилство, а ќе зборуваат и за непречено остварување на избирачкото право и кривичните дела против изборите и гласањето.
Претставници од 22 месни самоуправи ќе учествуваат утре, а на 25 март ќе бидат повикани на сличен состанок луѓе од 44 селски месни самоуправи.