Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во среда ќе се пошумува месноста Воени магацини кај Доброшане, и организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да се вклучат во акцијата за пошумување и да дадат свој придонес за зачувување на животната средина.
- Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија да земат учество во акцијата “Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина. За таа цел ќе биде организиран бесплатен превоз за граѓаните до локацијата ќаде ќе се пошумува. Граѓаните можат да се приклучат на било кој автобус, на било која група и да заминат на локацијата - вели Цветанка Арсиќ, советник за животна средина во Општина Куманово.
Автобусите ќе тргнуваат од Градска цвеќара спроти Занаетчиски дом во 8.30, 10.30 и 12.30 часот. Враќањето е во 14.30 часот и се препорачува повеќе од 2 часа граѓаните да не се заддржуваат на наведената локација.