×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните најчесто губат чадори во автобус

    27.11.2012 10:25 | KumanovoNews

     Кумановските автобуски превозници немаат служба “Изгубено - најдено“, но изгубените чадори, јакни, мобилни телефони, возачите се трудат да ги вратат на патниците.

    Граѓаните најчесто губат чадори во автобус

      Во компаниите за превоз на патници велат дека во нивните автобуси ретко наоѓаат вредни предмети, но доколку се случи такво нешто, порачуваат граѓаните брзо да реагираат, бидејќи во спротивно мали се шансите предметите да бидат пронајдени.

    - Патниците забораваат кеси, чадори кога е врнежливо и најчесто она што се носи во раце. Луѓето се замислени, имаат обврски, или можеби се работи за неодговорност. Кога се работи за изгубен телефон, проверуваме од кого е последниот повик и така го наоѓаме сопственикот. После завршениот работен ден возачот кога ќе пристигне во гаража пријавува ако нешто има најдено во автобус - велат од “Штуз“.

    Сопственикот на “Оли травел“ Оливер Стефановски, смета дека е морална обврска на возачот е да го врати она што не му припаѓа, и тие во компанијата инсистираат на такво однесување.

    - Забораваат мобилни телефони, детски јакни, паричници. Ако ги најдеме ние предметите, тие без исклучок им се враќаат на граѓаните. Обврска на секој возачот е да провери по завршување на смената дали некој нешто заборавил. Така им е наложено на вработените и досега немаме негативно искуство за тие работи - додава Стефановски.

    Од “Јоцо турс“ велат дека често се случува патниците да забораваат по нешто во автобусите. Неодамна имале случај кога старец заборавил протеза за заби додека се возел. Откако се освестил дека останал без вилицата, се јавил во компанијата и му ја вратиле. Тие имаат искуство и со патници кои губеле лични карти и торби, па дири и костими за капење. Велат дека граѓаните треба да бидат внимателни, бидејќи она што ќе биде изгубено голема е веројатноста следниот патник на нивното седиште да го земе и да го присвои, без тие да знаат.