×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните најмногу се жалат кај правобранителот од судството

    17.01.2014 09:42 | KumanovoNews

    Во канцеларијата на Народен правобранител Куманово минатат година пристигнале 260 преставки од граѓаните.

    Граѓаните најмногу се жалат кај правобранителот од судството

    Најголем број од нив биле за правосудните органи, потрошувачките права, сметките за вода, струја и други проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните.

    Најголем дел од преставките се однесуваат на Управниот суд. Се жалат на долги процедури. За основните судови бројот на претставки се намалува што е знак дека работата се подобрува. Има преставки за потрошувачки права на граѓаните, пред се се однесуваат на јавните претпријатија во градот, во другите градови кои ги покриваме и на ЕВН. Граѓаните имаат стари долгови за кои претпријатијата не ги тужеле и бараат да платат инаку ќе бидат исклучени - вели Насер Весељи, заменик народен правобранител.

    Од добиените преставки поголемиот дел, дури 235 се решени до крајот на 2013 година, а останатите ќе се решаваат годинава. Во канцеларијата лани поминале над 900 луѓе и побарале помош за своите проблеми.Народениот правобранител објаснува дека обемот на работа е приближно ист како во 2012 година, но во последно време има многу сериозни преставки.