×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните не се фаќаат за лопата

    03.02.2012 14:47 | KumanovoNews

    Повеќето тротоари и дворови на стамбените згради во централното градско подрачје денеска не беа исчистени од снег.

    Граѓаните не се фаќаат за лопата

    И покрај апелите на надлежните инспекциски служби, граѓаните и сопствениците на деловни објекти да го рачистат снегот пред својата врата, бидејќи имаат законска обврска  ретко кој се фаќа за лопата. Сите чекаат снегот сам да се стопи.

    Треба да излезе инспекцијата  не терен да ги казни сите кои не го почитуваат законот. Тротоарите се како лизгарници, никој не ги чисти. Не е исчистен снегот ни пред вратите на неколку институции, каде едвај може да се влезе по скалите- се жалат граѓаните.

    Оние што нема да ја завршат обврската ќе треба да платат глоба од 30 и 50 евра или да извршат општокорисна работа.

     Законот вели дека сите сопственици, односно корисници на објекти се должни во зимски услови, при снежни врнежи веднаш да почнат со чистење на снегот пред индивидуалните и колективни објекти за домување, како и на отворени простори пред јавните објекти за да се обезбеди непречен пристап до објектите. Во колективните станбени згради чистењето на снегот и мразот во зимски услови должни се да го вршат станарите на зградата.