Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повисоките зони во градот денеска останаа без вода за пиење, заради дефект на електричниот довод на пумпната станица во населбата Бедиње. Според информации од ЈП „Водовод„ изгорела трафостаницата која пумпата ја напојува со електрична енергија, поради што е сопрена испораката на 50 литри вода во секунда до Филтер станицата.
За време на викенд вообичаено е зголемена потрошувачката на вода, тоа доведе до пад на притисокот во водоводната мрежа. Ние се обидуваме да ја распоредиме водата рамномерно во сите делови на градот. Во последен период имаме и намален дотур на вода и од Липковските акумулации, па наместо 220л/с, добиваме 170 литри во секунда- објаснуваат од претпријатието.
Дефектот го пријавиле во ЕВН, од каде најавиле дека утре сабајле ќе испратат екипи на терен. Во текот на утрешниот ден се очекува нормализирање на водоснабдувањето.
Со оглед на тоа дека поголем дел од семејствата во градот, во недела, на евтина струја ги завршуваат потребите за лична хигиена, голем дел од граѓаните утре небањани ќе одат на работа.