×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните за Куманово

    02.04.2012 12:51 | KumanovoNews

     Идејата е јавно да ги изнесеме вашите забелешки, потреби и очекувања од надлежните, но и да се прашаме колку ние со нашата некултура допринесуваме за негативните појави во градот.

    Граѓаните за Куманово

    Почитувани читатели,

    Кumanovonews од денеска започнува со објавување на мини-интервјуа, во кои нашите сограѓани ќе имаат можност да кажат што не им се допаѓа, а со што се гордејат во Куманово. Идејата е јавно да ги изнесеме вашите забелешки, потреби и очекувања, кои надлежните треба да ги чујат, и да преземат мерки да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Истовремено сакаме да ги потикнеме кумановци да размислат, колку тие, со нивните навики се виновни за одредени негативни појави кои секојдневно не опкружуваат.

    Нашите прашања, сигурно секој од Вас си ги поставил барем еднаш во животот, и сакал јавно да го изнесе своето мислење и да дознае зошто тоа е така. Испративме околу педесетина мејлови на познати личност и наши пријатели. Ќе ги објавуваме по редоследот на пристигање. Во нашата анкета нема политика, туку исклучиво граѓански размислувања и предлози. На  истите прашања можат да одговараат сите граѓани, и да ни ги пратат на нашата маил адреса [email protected]

    Со почит,

    Kumanovonews