×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот Димитриевски побара поддршка за втор мандат

    21.10.2020 16:50 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски побара поддршка од граѓаните и од матичната партија СДСМ за втор мандат на локалните избори, кои ќе се одржат наредната година.

    Градоначалникот Димитриевски побара поддршка за втор мандат

    Објаснувајќи ја состојбата и долговите во јавните претпријатија, Димитриевски на денешниот јавен отчет за сработеното во изминатата година рече дека тоа не може да се заврши за три години и подготвен е да ги среди работите ако добие уште еден мандат.

    „ Доколку добијам поддршка за втор мандат, јавно кажувам дека ќе трчам и ќе се натпреварувам. Ќе барам поддршка и од мојата политичка партија и од сите моите сограѓани. Ќе продолжам на ваков начин да го менаџирам градот и ќе ги ставам јавните претпријатија во целосна функција, па заедно со тимот и со советниците да ги намалиме комуналните проблеми во градот, кои се децениски, па и вековни“, изјави Димитриевски.

    Тој истакна дека по повеќе од 10 години општината има одблокирана сметка и 17 милиони денари на располагање. И покрај ковидкризата и одлевањето на големи средства за таа намена, локалната власт сама и со поддршка на државата успеа да реализира повеќе инфраструктурни проекти, како кружен тек, патишта, училишта, паркинг простор, спортски игралишта, спортска сала, асфалтирање и тампонирање на улици и изградба на водоводна мрежа и фекална и атмосферска канализација, а најави уште повеќе проекти за наредниот период.