Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На полигонот во средното техничко училиште “Наце Буѓони“, градоначалникот Зоран Дамјановски ги поздрави присутните и им посака добри резултати на државниот натпревар во атлетика.
Да го развиваме овој спорт во школите, во армијата, во полицијата. Бевме неодамна во Митровица и се договоривме да направиме организација на училишни спортови и Олимпијада за овој дел од Југо-Источна Европа. Да личиме на големо европско семејство. Да ве гледам почество овде, вас спортските работници - рече Дамјановски.
На натпреварот учествуваат основни училишта од цела Македонија. Од некои градови има повеќе екипи. Од Федерацијата на училишен спорт велат дека атлетиката е во подем и тоа ниво треба да се оддржи.
Оваа манифестација е добро организирана и личи на европско првенство. Спортот е нешто што сите го третираме како богатство. Атлетиката не треба да биде само кралица, туку да биде и слуѓинка на сите спортови- изјави Александар Туфекчиевски, претседател на Федерација на училишни спортови.
Основците ќе се натпреваруваат во повеќе дициплини, а резултатите ќе биде објавени попладнево. Најуспешните ќе се закитат со медали.