Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската изборна комисија Старо Нагоричане, по спроведените локални избори 2013 година, вчера ги подели уверенијата за градоначалник и советници во Советот на Општина Старо Нагоричане.
Мандатот за наредните четири години да ја води општината Старо Нагоричене ја доби градоначалникот Милован Стојковски од ДПСМ, кандидат на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Совет на Општина Старо Нагоричане го сочинуваат 9 членови. Уверенија од колаицијата ВМРО-ДПМНЕ добија кандидатите: Саша Андоновски, Драган Спасиќ, Весна Краљевска и Соња Павловска, од Српска напредна партија Часлав Јовановиќ и Бобан Младеновски, Сузана Димковиќ од група избирачи, Бобан Цветановски од коалицијата СДСМ и Далибор Димитријевиќ од СДУ.