Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска го презеде кумството на славата Свети Архангел Гаврил, летен во истоимената црква што се гради во населбата Карпош.
Јас сум овде дел од црковниот одбор, и правиме напори оваа година да се интензивира работата, и до крајот на годината на црквата да бидат завршени градежните работи, по што ќе се продолжи со внатрешно уредување. Приватно помагам и учествувам и како донатор во изградба на црквата. Од таа причина, и како верник чија слава е Свети Ранѓел, го презедов годинешново кумство-изјави градоначалникот Дамјановски.
На Дамјановски кумството му го предаде досегашниот кум Методија Манојловски, по свечената литургија што ја одржаа свештениците, пред голем број на верници од населбата и градот.
Од црковниот одбор информираат дека од ктитори имаат соберено 35 илјади евра и го чекаат проектот на изведувачот за да продолжат со подигање на куполите.
Сретствата ги обезбеди градоначалникот кој даде 15.000 евра, сопственикот на ДБД 10 илјади евра и владиката Кирил 10 илјади евра. Со тие пари по 2 август ќе започнеме да работиме и се надеваме дека во нередните два месеци, до Свети Ранѓел есенски ќе ги завршиме работите и ќе славиме- вели Радивоја Петровски, член на црковниот одбор.
Тој ги повичува и сите граѓани и добри луѓе, кои сакаат да помогнат во изградбата на црквата да дадат свој допринос и да се јават во месната заедница и црковниот одбор.