Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во Општина Крива Паланка, од денес па до 9 септември нема да работат, освен за итни и неодложни потреби, откако градоначалникот Борјанчо Мицевски информираше дека е позитивен на ковид-19.
Во општинската администрација, како што напиша тој, досега имало два позитивни случаи на коронавирус.
„По појавата на втор позитивен случај на ковид - 19, од редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен. За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација. Во исто време сите вработени од денес 2.9 до 9.9.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
Екипи на Центраот за јавно здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк.