Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска на своето работно место пристигна пеш. Вклучувајќи се во одбележувањето на Светскиот ден без автомобили, тој наместо со службениот автомобил, од својата зграда на улицата „Октомвриска револуција„ до општинската зграда дојде пеш.
Граѓаните пријатно изненадени од присуството на градоначалникот, застануваа да го поздрават и да поразговараат за одредени проблеми.
Како прв човек на градот на симболичен начин сакам да дадам пример на моите сограѓани, дека треба да се подигне свеста и да се намали употребата на автомобили по градските улици. Во нашиот град не е толку неопходна употребата на автомобили во секоја ситуација, па затоа апелирам да се користат и други превозни кои не предизвикуваат загадување или да се оди пешки. Намалената употреба на автомобили има повеќекратно значење, а особено кога е во прашање животната средина. Ние како град работиме во повеќе еколошки проекти се со цел да се намали загадувањето-изјави Дамјановски.
Градоначалникот истакна дека со зонското паркирање во градот, се постигнати големи резултати бидејќи се намалени гужвите во сообраќајот, а во наредниот период се планира градскиот сообраќај да се префрли на гас и да се затворат улиците во централното градско подрачје се со цел да се спречи загадувањето, додека проектот „Зелено Куманово снага во природата„ ги дава посакуваните резултати.