Градоначалникот нема информации за надлетувањето со хелихоптери
04.06.2015 11:28
| KumanovoNews
За хелихоптерите што ноќеска го надлетувале липковско, и дали тоа е заради некаков безбедносен ризик, градоначалникот Зоран Дамјановски кажа дека не располага со никакви информации.

Јас некои посебни податоци немам. Кажав дека локалната самоуправа и МВР не се во некоја кохабитација. За надлетувањата од изминатата ноќ и претходниот ден, немам некои информации. Не знам можеби се рутински, можеби има некоја најава за некое нарушување, но јас такви сознанија немам - вели Дамјановски.
Од МВР велат дека нема никаков инцидент, и најверојатно се тоа рутински надлетувања.