Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кабинетот на градоначалникот Зоран Дамјановски експресно регираше на денешната прес-конференцијана на ВМРО-ДПМНЕ во врска со извештајот на државниот ревизор.
Изнесените информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ за ревизорскиот извештај и наводите за недомаќинско работење на локалната администрација ги отфрлам како тенденциозни и неосновани. Го повикувам раководството на Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и новинарите на јавна дебата да ги изнесеме аргументите и точните информации од Извештајот на државниот ревизор. Истовремено сакам да ја информирам јавноста дека на последниот Симпозиум на државни ревизори, кој се одржа мината недела, ревизорскиот извештај од Куманово е посочен како најдобар во државата и треба да служи за пример на другите општини-се вели во реакцијата на градоначалникот.