×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот закројуваше лозје во “Киро Бурназ“

    14.02.2014 12:21 | KumanovoNews

    Во дворот на средното училиште “Киро Бурназ“ денеска традиционално градоначалникот Зоран Дамјановски закорјуваше лозје по повод денешниот празник Свети Трифун.

    Градоначалникот закројуваше лозје во “Киро Бурназ“

    Денеска го чествуваме великомаченикот Свети Трифун, чувар на лозарите и винарите. Овдека имаме 600 ученици, млада популација која денеска го слави другиот празник кој е популарен во поново време во Република Македонија. Се надевам дека овој чин на некој начин ја оддржува традицијата и дава мотив на луѓето да ја унапредуваат оваа гранка, лозарството - рече Дамјановски.

    Тој им посака успех на сите винари и лозари во кумановскиот регион.

    Ова почна минатите години поточно откако го имаме лозовиот насад и постепено прерасна во традиција. Овде доаѓаат наши пријатели, соработници, а особено градоначалникот и Советот на Општина Куманово кои се покровители на оваа манифестација - вели директорката Весна Трајковска.

    Трајковска на винарите го честиташе Свети Трифун, а на заљубените Свети Валентин.