Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Општината Куманово тврдат дека службите за зимско одржување редовно ги чистат сообраќајниците во градот и ги отфрлија обвинувањата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ дека тие се како ски-стази во зимските планински центар.
Независно дали градоначалникот е на службено патување или се наоѓа во неговите работни простории во градот, нашите служби задолжени за чистење на патиштата работат интензивно. А за младите сили на ВМРО-ДПМНЕ, ако толку ги сакаат санките и снегот можеме да им помогнеме, лизгалиштето на Кејот работи од 8 до 23 часот- изјави портпаролката Бисера Благоевиќ.
На прес конференцијата беа покажани слики од нерасчистениот снег на автопатот Куманово-Скопје и исчистена улицата во центарот на градот, како споредба за одржување на патиштата што се под надлежност на државната и локалната власт.