Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово купи 2 хектари земјиште за проширување на Градските гробишта. Новите парцели се наоѓаат од двете страни на патот зад црквата во селото Биљановце.
Повеќе од очигледно дека гробиштата се тесни за сегашните потреби на градот. Затоа општината во својот буџет одвои 200 иљади евра за експропријација на земјиште за потребите на локалната самоуправа. Новото земјиште ќе биде урбанизирано, средено и оградено и ќе се предаде на ЈП „Чистота и зеленило„ да ги извршува услугите на граѓаните-изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Истовремено на Градските гробишта се асфалтираат патеките помеѓу гробните места.Проектот на локалната самоуправа за целосно уредување на гробиштата трае веќе еден месец.
Се работи на обновување на комплетната инфраструктура на Градските гробишта. Изградба на нови 4 километри асфалтирани стази со ивичници и реконструкција на пет попречни улици кои се сврзуваат со главната артерија. Проектот тежи 9 милиони денари, а проектот треба да се заврши до крајот на летото-објаснува Дамјановски.