×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Графити фест“ по шести пат - оваа година на две локации на „Октомвриска револуција“

    17.05.2024 10:17 | Оливера Пешевска

    Здружението за ликовна уметност „Форма“ од Куманово викендов го организира шестотто издание на фестивалот на улична уметност “Графити фест“ на две локации на булеварот „Октомвриска револуција“.

    „Графити фест“ по шести пат - оваа година на две локации на „Октомвриска револуција“

    На првиот ден, во сабота ќе се работи на ѕидовите на гаражите во стамбениот блок на „Октомвриска револуција“ бр. 28А, а вториот ден на локацијата К5, зад средното училиште „Перо Наков“.

    „Се е подготвено, а според прогнозите и небото ќе се разведри, па не очекуваме било какви пречки во работата. Единствено повторно ќе упатам апел да се расчисти планираниот простор и ги замолувам кумановци да ги тргнат автомобилите и да не паркираат за да можеме непречено да работиме“, истакнува Младен Трендевски- Трендо, од Здружението „Форма“.

    Подотвителниот слој е од материјал отпорен на механичи оштетувања и атмосферски влијанија. Боите и се што им е потребно за работа се обезбедени од сопствени средства и спонзорство на приватни лица и компании.

    Почетокот е закажан за 12 часот, кога учесниците ќе се соберат на споменатата локација, а ќе се црта се додека има дневна светлина и не се заврши започнатото. За публиката ќе има забава со пет диџеи и неколку штандови на кои ќе може да се купи освежување. За да се се одвива во најдобар ред ќе се погрижат ангажирани волонтери.

    Фестивалот има меѓународен карактер, ќе учествуваат уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Германија и Турција.

    Концептот на „Графити фест“ е  уметниците и уличните цртачи да внесат свежина со сликање на графити и мурали на сивите и оштетени ѕидови низ градот. 

    „Графити фест“ е единствена манифестација во Македонија, која неколку години наназад  дава нов лик на урбаниот простор во Куманово.