×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Графити фест ќе се одржи по четврти пат во Куманово, но без поддршка на Општината

    27.05.2022 13:26 | Сузана Николиќ

    Во Куманово, утре по четврти пат ќе се одржи манифестацијата Графити фест. Овој пат уметници од  земјата и странство ќе цртаат на отворено во населбата Гоце Делчев, поточно во Трговскиот центар каде што некогаш се наоѓаа просториите на Агро Куманово.

    Графити фест ќе се одржи по четврти пат во Куманово, но без поддршка на Општината

    „На фестивалот ќе земат учество 12 уметници од Словенија, Турција и од нашата земја, поточно од Скопје и Куманово. Темата е слободна, секоја ќе слика по своја желба и во својот стил. Нашата идеја која што ја започнавме пред неколку години со голема љубов и посветеност ќе ја реализираме се додека Куманово не стане галерија под отворено небо“, вели уметникот Дејвид Стоилковски - Молерај.

    Фестивалот го организира Форма Куманово. Нивната културна манифестација е поддржани од Министерство за култура, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и фирми од Македонија, но не и од Општина Куманово. Тие конкурирале со 9 проекти на отворениот повик на Секторот за култура, но не добиле средства ниту на еден.

    Овие млади уметници се препознаени во земјата и странство по нивните автентични уметнички дела и графити. Тие изработија мурал на Блаже Коневски во Скопје, а беа творци и на муралот посветен на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Во Куманово нивните мурали красат повеќе станбени блокови, училишта и јавни објекти.