×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните да ги сменат возачките дозволи до крајот на декември, гужвите за вадење на лични документи се минато, кажа Тошковски

    03.09.2024 12:20 | KumanovoNews

    Министерот Панче Тошковски денеска потсети дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31 декември 2024 година.

    Граѓаните да ги сменат возачките дозволи до крајот на декември, гужвите за вадење на лични документи се минато, кажа Тошковски

    Тој апелираше граѓаните да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. 

    „Сите капацитети и шалтери на управните служби на министерството функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок, без никакво доцнење и гужви“, кажа министерот.

    Тошковски денеска кажа дека гужвите со издавањето на лични документи е надминато и севкупната состојба е вратена во нормала.

    „Од оваа седмица натаму секој македонски граѓанин, ќе поднесе барање за издавање на некој личен документ како лична карта, партна исправа, возачка дозвола, ќе може да ги оствари во рамки на она законско право, во рок од 15 дена. Тешко беше, требаше полициските службеници да работат вонредно во две смени, да дадат се од себе и оддавам огромна благодарност до нив. Македонските граѓани заслужуваат еден достоинствен начин на вадење на документи и отсега натаму во рамки на законски дозволениот период“, потенцираше министерот Тошковски.

    Министерот информираше дека на територија на целата држава досега се променети над 1.750.000 патни исправи, над 1.450.000 лични карти и над 750.000 возачки дозволи.