Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пресрет на престојниот празник Илинден кога се очекува излетничките места помасовно да бидат посетени од граѓаните, СВР Куманово апелира посетителите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да се воздржат од палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.
„Потсетуваме дека предизвикување на пожар претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици“, изјави Ивана Млaденовска, портпарол на СВР Куманово.
Таа истовремено ги повикува граѓаните максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи: да се почитуваат правилата за ограничување на брзината и да се прилагоди брзината согласно условите на патот, и да не се управува моторно возило под дејство на алкохол.