×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните и дуќанџиите да го исчистат снегот пред своите објекти, повика Општината

    11.01.2022 09:28 | Сузана Николиќ

    Од Секторот за инспекциски надзор - инспекторат во Општина Куманово ги потсетуваат граѓаните и сопствениците на фирми дека имаат законска обврска да го рачистат снегот на јавни површини, за да се обезбеди непречен пристап до објектите. 

    Граѓаните и дуќанџиите да го исчистат снегот пред своите објекти, повика Општината

    Во текот на денот комуналните редари ќе извршат контрола на терен, за да утврдат дали се постапува согласно Законот за јавна чистота или има прекршување на истиот. За непочитувaчите ќе следат опомени.

    „Согласно член 22 од Закон за јавна чистота, во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите. Ако во рок од 3 часа не се постапува по издадената опомена, комуналните редари и инспекторите ќе преземат казнени мерки против лицата кои не ја почитувале“, вели Бобан Бојковски, раководител на Секторот за инспекциски надзор.

    Според законот за прекршоци, казните за физичките лица се од 30 и 50 евра или извршување на општокорисна работа.

    За правните лица тие изнесуваат од 50 до 1000 евра за микро трговци, од 50 до 2000 евра за мали трговци, од 250 до 6000 евра за средни трговци и од 250 до 10.0000 евра за големи трговци.

    Во колективните станбени згради чистењето на снегот и мразот во зимски услови, должни се да го вршат станарите на зградата.