×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ГРОМ бира коалиционен партнер за Советот

    23.07.2014 07:42 | KumanovoNews

    Советниците од Граѓанската опција за Македонија најавуваат дека од есен ќе влезат во коалиција со некоја од поголемите партии во Советот на општина Куманово.

    ГРОМ бира коалиционен партнер за Советот

     Засега не откриваат која политичка опција им е најблиска на локално ниво, но велат дека се расположени за собаротка со сите. Договор за коалицирање најверојатно ќе биде постигнат до 28 август за кога е закажана следната седница на совет.

      - Има доволно време да се анализираат сите можни сценарија и да се разговара со сите политички субјекти кои што делуваат во Советот на општина Куманово за да од септември почнеме со нови сили и поголем елан да работиме за подобрување на условите за живеење во Куманово. Одлуката секако ќе биде донесена од страна на органите на партијата. Пред се ќе се разговара на локално ниво и сето тоа ќе биде поддржано на централно ниво, - изјави советничката Душица Сеизовска Јовановиќ.

    ГРОМ во Советот на општина Куманово има два советница кои досега делуваа самостојно. Доколку се постигне коалиција со ВМРО-ДПМНЕ тогаш постојат шанси опозицијата да го преземе советот, а ако нивниот избор биде СДСМ ќе се зацврсти позицијата на сегашното мнозинство.

    На централно ниво партијата донесе одлука да коалицира со ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ за што доби еден заменик - министер и други раководни функции во институциите.