×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Груевски се сретна со граѓаните на Куманово

    28.03.2013 15:52 | KumanovoNews

     Премиерот Никола Груевски, денеска со кандидатот за градоначалник Зоран Ѓорѓиевски, на Градскиот плоштад се сретна со граѓаните на Куманово, а потоа посети градинка во населбата Гоце Делчев, од каде вети проширување на објектот. 

    Груевски се сретна со граѓаните на Куманово

    Денеска сум тука заедно со идниот градоначалник на Куманово, каде разгледавме неколку локации и направивме прошетка низ Куманово. Идниот градоначалник ќе ги дуплира капацитетите на постоечката градинка во населба Гоце Делчев, со тоа што ќе се изгради уште едно ниво, кое ќе прифати повеќе деца, бидејќи сегашните капацитети се претесни. Тоа е еден од неговите проекти кои што ги има предвидено во програмата. Брзо по неговиот избор за градоначалник ќе се зафати со изработка на идеен, основен проект, а потоа и со процедура за изнаоѓање на градежна компанија кој ќе го заврши овој значаен проект за оваа населба. Населбата е голема, многу народ живее тука - изјави Груевски.

     Тој најави и уредување на мини - плоштадот во оваа населба кој ќе служи за различни настани и собири на граѓаните, ги наброја и проектите на кандидатот за градоначалник отварање на нови работни места, изградба на канализациони системи, решавање на проблемот за водоснабдување.

     Кандидатот за градоначалник Ѓорѓиевски го запознал премиерот со проблемите на оваа кумановска населба и ги образложил проектите кои ќе ги реализира доколку го добие мандатот од граѓаните.

    Овдека доаѓаат деца од населба Вера Которка, Зелен Рид, Гоце Делчев, три многу големи населби. Стана збор и за постојниот запуштен мал плоштад, кој многу ќе значи за граѓаните и за други проекти кои ги имаме во предвид , а не се ставени во програмата - рече Ѓорѓиевски.

    Груевски ги повика граѓаните да му дадат поддршка на Ѓорѓиевски во вториот круг од локалните избори на 7 април.