Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре со пиочеток во 11 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи голем Хепенинг по повод „ Денот на Европа - 9 Мај„ и Денот на победа над фашизмот.
На дружењето се предвидени интерактивни работилници на ученици од основните и средни училишта и локални невладини организации на кои ќе се овозможи имплементација на креативни идеи. Посетителите ќе имаат можност да добијат и корисни информации за одредени проекти во интерес на младите за програми на заедниците, како и други програми на Европската Унија-вели координаторката Елизабета Цветковска.
Паралелно ќе се одвива и културна, забавна и уметничка програма,на која одреден број на ученици ќе цртаат и сликаат, а други ќе изведуваат музички точки,ќе учествуваат оркестари и бендови, кои ќе допринесат за пријатна и забавна атмосфера.
Хепенингот се одржува по втор пат и со тоа продолжува традицијата на Куманово да биде дел од големото Европско семејство.
Хепенингот го организира локалната самоуправа и делегација од Европската унија во Македонија.