Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лекарите од хируршката амбуланта при Општата болница Куманово се пожалија на министерот за здравство Никола Тодоров дека работатат во мизерни услови и во простор и опрема која е стара над триесет години, а имаат работа преку глава.
Хируршката амбуланта е сместена во подрумските простории на една од најстарите згради на болницата, и целосно е руинирана и запуштена.
Во оваа хируршка амбуланта се вршат околу 30 илјади прегледи годшно во крајно мизерни и супстандардни услови. Таа мора под итно да се реновира, бидејќи сме регионална болница која опслужува над 200 илјади жители, а лежиме и на Коридорот 10. Не дај боже да се случи некоја поголема сообраќајка нема каде да ги згрижиме пациентите-велат лекарите.
Откако и самиот се увери во нестандардните услови, министерот Тодоров најави под итно реконструирање на хируршката амбуланта.
Ќе пуштиме екипа од министертвото надлежна за инвестиции и ќе се обидеме да најдеме привремено решение кое ќе биде подобро од сегашното. Ако нема услови за такво нешто, тогаш ќе одиме со поголема реконструкција, за да се обезбедат нормални и посоодветни услови за работа во амбулантите„ - рече министерот.