Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хор од Здружението на пензионери на град Лесковац, утре во 10.30 часот ќе настапи во Домот за стари лица “Зафир Сајто“.
Оваа посета се реализира во соработка со Здружение на пензионери Куманово.
“Ние во јуни бевме кај нив на фестивал, а сега во рамки на нашата културна соработка се договоривме да ги посетат старите лица во “Зафир Сајто“. Соработката со пензионерите од Лесковац трае неколку години“ - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Додека траеше Неделата за грижа на старите лица, кумановските пензионери два пати ги посетија луѓето згрижени во “Зафир Сајто“.