Хрватите организираат предавање за Торинско платно
03.06.2015 09:22
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот ќе се одржи предавање на тема “Торинско платно“.

Предавањето го организира Здружение на Хрвати во Република Македонија огранок Куманово, а предавач ќе биде свештеникот Антун Нижетиќ од капела Свети Иван во Куманово. Се повикуваат сите членови на Здружението на Хрвати и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на ова интересно предавање.