Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На иницијатива на Женскиот центар и Локалниот совет за превенција од семејно насилство на жените, 4 декември на Градскиот плоштад ќе се организира хуманитарен базар.
На хуманитарната акција ќе се продаваат домашни специјалитети и ракотворби, кои ќе ги изработат самите челенки, а ќе се собираат и производи од спонзори. Собраните средства ќе бидат наменети за жртвите на семејно насилство од Општина Куманово.
Организаторите на акцијата ги повикуваат сите фирми во градот да помогната, а целта е да се обележат 16 дена активизам за борба против семејно насилство.