Хуманитарна забава за семејството Шаими
27.02.2014 10:27
| KumanovoNews
Во кафе бар “Чил аут“ вечерва во 19.30 часот ќе се оддржи хуманитарна забава за помош на семејството Шаими од с.Романовце.

Забавата во рамки на проект за промоција на хумани вредности ја организираат од Црвен Крст.
Средставата ќе бидат наменети за набавка на мебел за ова семејство кое живее во мизерни услови. Влезниците ќе чинат 100 денари.