×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • И оваа година останавме без “Топол културен бран“

    30.06.2015 10:34 | KumanovoNews

    И оваа година во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково нема да има културни настани во рамки на “Топол културен бран“, затоа што општините не аплицирале со проекти, потврдуваат од Министерството за култура.

    И оваа година останавме без “Топол културен бран“

    Летово во општините Кратово и Крива Паланка, кои се дел од нашиот регион ќе има по два културни настани како дел од “Топол културен бран“. Во двата града ќе има по една театарска претстава, а во Кратово ќе има поетско читање по повод 70 години творештво на Тодор Чаловски. Во Крива Паланка ќе има исто така поетско читање насловено како “Лирски трперења“.

    На ниво на држава ќе има над 90 културни настани во 30 општини, во рамки на осмиот по ред “Топол културен бран“. Оваа манифестација има за цел да ја дисперзира културата и таа да биде достапна за сите граѓани.