Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Два часа откако заврши полициската акција, вчера, педесетина мигранти, главно млади луѓе со жени и деца, излегоа од шумата од соседното село Речица и по локланиот пат се упатија кон Ваксинце на македонско-српската граница.
Истовремено, од другата страна покрај пругата Куманово- Табановце се движеше помала група на луѓе. Валкани и испечени од жешкото сонце, со стапови во рацета несреќните луѓе незнаејќи дека нивните сонародници беа собрани од полицијата, насмеани ги поздравуваа луѓето во колите што поминуваа покрај нив.
Жителите на липковските села, каде што беше акцијата, не сака да коментираат за тоа што се случувало утрината и велат дека незнаат кој ги згрижува и заработува од мигрантите. Од соседеното Режановце, пак, кажуваат дека секојдневно се сведоци на суровата судбина на напатените странци, кои во потрага по подобар живот, минуваат низ пекол по македонските патишта и често заталкуваат во нивното село. Иако сметаат дека треба да им се помогне на беспомошните луѓе, не смејат тоа да го сторат, бидејќи се плашат дека ќе бидат обвинети дека заработуваат на нив.