Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од утре дел од стечајните работници ќе кампуваат во шатори пред Владата, најавија од УНИТ.
Тие се приклучуваат на опозицијата и граѓанските организации кои бараат оставка од Владата, и велат дека во овие девет години власта си играла со нив.
Сите се борат за некое подобро утре. На сите им се дозволи да стават шатори, само на стечајните работници не. Ова е прилика да се приклучиме и да го кренеме нашиот глас дека не сме задоволни. Од утре натаму доброволци ќе се приклучат на кампувањето пред Влада - вели Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.
Георгиевска се надева дека ќе дојде до промена на власта, а новата власт ќе ги обештети и трајно ќе се решат проблемите на стечајците.