×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Илиќ: Со ребаланс на буџетот Општината одвои средства за изградба на инфраструктура за мобилната болница

    18.11.2020 11:08 | KumanovoNews

     Општина Куманово со ребалансот на буџетот одвои средства за обезбедување на сите предуслови за изградба на мобилна болница во Куманово и се очекува Куманово да биде меѓу првите градови кој ќе добие ваков тип на болнички капацитет, рече кординатото на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Куманово, Томица Илиќ, кој ги повика граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус.

    Илиќ: Со ребаланс на буџетот Општината одвои средства за изградба на инфраструктура за мобилната болница

    - Вирусот не е за потценување. Бројот на заразени и починати секојдневно расне. Сведоци сме на храбар но веќе уморен, на моменти изнемоштен здравствен кадар, на пополнување на болничките капацитети на тешки животни судбини. Борбата на медицинскиот кадар на инфективните одделенија нека биде наш потик да ги почитуваме мерките, во Куманово имаме околу 900 активни случаи и безмалку стотина хоспитализирани. Непочитувањето на мерките и препораките не доведе во ситуација на енормно зголемување на бројките во Куманово. Доколку вистински и искрено ја почитуваме државата во која што живееме да покажеме почит кон самите себе и своето здравје, но и уште поголема почит кон здравјето на другите околу нас. Само на тој начин ќе покажеме зрелост како граѓани кои вистински се грижат за својата иднина, - истакна Илиќ.

    Тој додаде дека колективната свест и одговорност се пред сериозен тест, време е сите да престанат со критикување и зеднички да дадат допринос во борбата која ја водат здравствените работници, Министерството за здравство и Владата.

    - Ниту една мерка не може да ја промени нашата свест, освен ние самите. Наша обврска како граѓани на оваа држава е да носиме заштитна маска, да држиме дистанца и да вршиме редовна дезинфекција, затоа што сепак се работи за нашето здравје, - кажа Илиќ.

     Министерството за здравство објави дека веќе е започнато тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови во пет здравствени институции, а во очекување се брзите тестови да бидат достапни и во Куманово.

    Вчера се наврши точно една година од првиот регистриран случај на ковид- 19. До денес заразени се преку 50 милиони луѓе во 190 држави, и преку милион се починати.