×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Имотот на агата“ премиерно во Кумановскиот театар

    05.12.2019 11:25 | KumanovoNews

    Во Театар Куманово, утре во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Имотот на агата“ работена според едночинката „Просидба“ од Чехов, а во режија на Марко Богдановски.

    „Имотот на агата“ премиерно во Кумановскиот театар

    Режисерот Богдановски, кој воедно го игра и ликот на Чубуков (таткото на Наталија), вели дека го одбрале Чехов затоа што станува збор за една интересна тема која се провлекува низ векови и е актуелна дури и ден денес.

    „На сите тие комични елементи ние се обидуваме преку сатирична игра малку да им дадеме посилен акцент. „Имотот на агата“ е насловот поради тоа што имотот на агата се случува секојдневно тука кај нас, во сите домаќинства, буквално во сите се случува истото. Нека дојде публиката и нека ја гледа, се надевам дека сме направиле добро нешто, публиката е таа којашто ќе го каже последниот збор“, вели режисерот Богдановски.

    Останатите два лика во претставата ги играат актерката Владанка Димковска во улога на Наталија и актерот Марко Трајковиќ во улога на Иван.

    „Станува збор пред се`за култен текст „Просидба“ на Чехов, но ставен во сосема поинакви околности сосема различно поставен, како дел од нашето секојдневје. Ја играм Наталија и самиот лик е ставен во поинаков концепт на самата претстава и тоа за мене беше преголем предивзик за игра, бидејќи првпат играм нештоо такво“, - вели актерката Димковска.

    „Имотот на агата“ ќе биде претстава којашто ќе докаже дека за добра претстава не ти требаат не знам колку пари и колку гломазна сценографија, ти требаат само добри глумици, две стоилици и маса и Емчо“, - додава актерот Трајковиќ.

    Емил Пачковски, кој е задолжен за аудиовизиелизацијата вели дека особено е важно да се потенцира дека сите материјали се снимени од страна на самите актери и уште неколку соработници.

    „Не случајно на постерот насловот на претставата се наоѓа во екранот на телевизорот. Преку аудиовизуелните елементи прикажуваме една измислена телевизија, нејзината апсурдна програма. Повеќе од тоа нема да откривам, сепак да остане малку мистерија за публиката кога ќе дојде утре на премиера“, - додава Пачковски.

    Антон П. Чехов е претставник на рускиот натурализам, кој секогаш во своето творештво внесува луѓе од секојдневјето кои поради навидум банални ситуации завршуваат со тажна приказна. Чехов е писател на народот кој знае да го зборува неговиот јазик. Темите на горделивост, егоизмот, богатство наспроти сиромаштија, љубовта наспроти општеството, осаменоста наспроти лажната маска, лагата наспроти вистината се само дел од неговото творештво кое го војува и сместува во редовите на најголемите руски класици: Достоевски, Пушкин, Тојстој итн.